ФОТО+ВИДЕО | Многумина сакаат да го посетат, но не можат: Град кој е дел од Европската Унија се наоѓа во Африка
Дали сте слушнале за Мелиља? Станува збор за шпанска енклава која зафаќа околу 12 квадратни километри долж брегот на Средоземното Море, а е целосно опкружена со Мароко.
Препорачано
Иако се наоѓа на африканскиот континент, тој е дел од Европската Унија. Згора на тоа, заедно со Сеута, тие се единствените две територии на Европската Унија во Африка.

Денес Мелиља има автономен статус. Во него може да се забележат влијанијата на бројни култури, од старите Феникијци до Византијците и Визиготите. Има прекрасен историски центар – Мелиља ла Веља, кој е опкружен со прекрасни ѕидини, но и со бројни прекрасни плажи. Сепак, ретки се оние кои го посетуваат како турист, пишува „Пункуфер“.

Поради својата специфична географска локација, често е мета на емигранти кои сакаат илегално да влезат во Европската Унија, па од истата причина, на границата меѓу Мароко и Мелиља беа подигнати високи огради.

А, како изгледа животот во Мелиља, проверил тимот на јутјуб каналот „Јес теори“, кој поминал 50 часа во тој чуден европски град на африканскиот континент.


