ФОТО+ВИДЕО | Марјана Станојковска е македонската Барби: Розов фустан, руса коса и насмевка која плени

Фото: Instagram/ marjanamay

Вчера во Скопје се одржа премиерата на долгоочекуваниот светски филмски хит „Barbie“, а овој настан не го пропушти ни водителката и инфлуенсерка Марјана Станојковска.

Фото: Instagram/ marjanamay

Со нејзините препознатливи руси кадрици, насмевката и долгите нозе, облечена во розово фустанче со циркони и сандали на високи потпетици, македонската Барби, ги сврте кон себе сите погледи во киното.

Фото: Instagram/ marjanamay

„Сите Барбики на едно место. Здраво Барби. Здраво Кен“ – напиша таа на својот Инстаграм.

Пред прикажувањето на филмот, таа се фотографираше со девојчињата и дамите кои беа облечени во розово, исто како куклата Барби, а кои со нетрпение ја очекуваа скопската премиера.

Фото: Instagram/ marjanamay

Водителката не пропушти да се фотографира и во „кутијата за кукли“ со името „Barbie“, но и покрај фигурата на Рајан Гослинг, кој во филмот го глуми ликот на Кен.

Фото: Instagram/ marjanamay

Марјана навести уште пред неколку дена дека ќе биде македонската Барби, кога на Инстаграм Стори објави неколку свои стари фотки со филтер Барби.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот