Фото: Генералштаб на грчката национална одбрана

ФОТО+ВИДЕО: Македонските и грчките сили за специјални операции одржаа заедничка обука во областа Атика

Во рамки на планот за меѓународна соработа, Генералштабот на грчката национална одбрана соопшти дека грчките сили за специјални операции одржале заедничка обука на копно и во вода, борбено пливање и нуркање со македонските сили.

Фото: Генералштаб на грчката национална одбрана

Обуката се одржала од 10 до 21 јули во областа Атика.

Како што известува МИА, од Грција учествувале тимови за специјални операции со пловни средства, а од Република Северна Македонија 12 припадници на силите за специјални операции.

Фото: Генералштаб на грчката национална одбрана

Учеството на вооружените сили во конкретната заедничка обука е во рамките на имплементацијата на Програмата за воена соработка за 2023 година меѓу Грција и Република Северна Македонија и имаше за цел зајакнување на борбениот капацитет и оперативната готовност на учесниците, соопштија од Генералштабот на грчката национална одбрана.

Фото: Генералштаб на грчката национална одбрана

Обуката се одржала во Центарот за обука на специјалните сили во Неа Перамос во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, како и во поморското подрачје во истиот дел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот