Хајди и Лени Клум / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Мајката и ќерката снимија уште една контроверзна реклама: Во секси долна облека ги покажаа телата

Познатата манекенка Хајди Клум (51) и нејзината ќерка Лени Клум (20), неодамна позираа за еден луксузен италијанскиот бренд за долна облека.

Мајката и ќерката веќе подолго време снимаат заеднички реклами за овој луксузен бренд за долна облека, а јавноста секој пат жестоко дебатира во коментарите.

Така беше и овој пат, кога снимија реклама со празнични мотиви. Повторно се соблекоа и храбро позираа пред објективот на фотоапаратот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)


Хајди Клум и Лена носеа свилени црвени пижами и ноќници и чипкани градници во црна и врвена боја.
Хајди потоа ги сподели видеата со своите следбеници, посочувајќи како и двете се забавувале на снимањето и ја пофалиле кампањата. Сепак, реакциите на оваа објава не беа позитивни. Многу обожаватели ја изразија својата непријатност поради фактот што мајка и ќерка заедно позираат во долна облека.

„Мошне е чудно што го правиш ова со мајка ти“, „Чудно е што мајка ти ги допира гаќите“, „Изгледа несоодветно“, се само дел од коментарите под објавата на Лени.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leni Olumi Klum (@leniklum)


Хајди фотографиите и видеата од сетот ги објави на Инстаграм, а за да ги избегнат лошите коментари, ја исклучи опцијата за коментари.

ФОТО + ВИДЕО | Хајди Клум и ќерка ѝ позираа разголени во секси црвена долна облека

ФОТО | Малолетна ќерка на Хајди Клум крена прашина со разголената фотографија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот