ФОТО+ВИДЕО | Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром: Еден загинат и двајца тешко повредени

Фото: „Слободен печат“

Еден загинат , најмалку двајца тешко повредени е црниот биланс од сообраќајната несреќа која пред 20-ина минути се случи на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.

Фото / „Слободен печат“

Во несреќата загина мотоциклист од Аеродром, а повредените кои биле во возило „Ауди“ се итно пренесени во скопските клиники.

Фото / „Слободен печат“

Според првичните информации незгодата се случила поради непочитување на сообраќајните правила. Сообракајот по булеварот е целосно запрен и во тек е полициски увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот