ФОТО+ВИДЕО | Кои се најбогатите „непо бебиња“ и како ги стекнаа своите милиони?
Децата на славните личности често растат во центарот на вниманието – и додека презимето им отвора многу врати, не секој од нив е задоволен да живее во сенката на своите родители до крајот на животот. Некои, со неизбежната почетна „помош“, решија да ги засукаат ракавите и да се обидат да изградат свое име, кариера и банкарска сметка.
Препорачано
Од Бруклин Бекам до Џорџија Меј Џегер, беше откриено кои се најбогатите „непо бебиња“ кои веќе станале милионери во своите дваесетти или триесетти години – официјално преку сопствените бизниси и проекти.
Бруклин Бекам (26)
Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам се обиде да се занимава со фудбал и фотографија, но во последните години најмногу се посвети на готвењето. Со богатство проценето на околу 12 милиони евра, 26-годишниот Бруклин планира да изгради своја империја на брендови по стапките на својот татко.
Во октомври минатата година го лансираше својот Cloud 23 лут сос, а за време на пандемијата ја лансираше серијата на Фејсбук „Cookin’ With Brooklyn“. Подоцна, се прошири и на пазарот на пијалаци со брендот Wesa. Неговата вредност дополнително се зголеми благодарение на договори со брендови како „Тифани“,„Пепе џинс“ и „Силк“.
View this post on Instagram
Џорџија Меј Џегер (33)
Ќерка на Мик Џегер и Џери Хол, Џорџија Меј Џегер е едно од најуспешните женски „непо бебиња“. Таа е ко-сопственик на компанијата за боја за коса „Bleach London“, која во 2024 година оствари промет од повеќе од 11,45 милиони евра и бруто профит од околу 3,66 милиони евра.
Влезе во светот на модата во 2008 година и дебитираше на ревијата на „Шанел“. Таа носеше ревии за најголемите светски брендови како „Балмејн“, „Версаче“ и „Луј Витон“, и беше прогласена за Модел на годината во 2009 година од British Fashion Council.
View this post on Instagram
Лила Мос (23)
Ќерката на супермоделот Кејт Мос, Лила, успешно ги следи стапките на својата мајка. Првата работа како модел ја доби на 15 години, а во 2024 дебитираше на шоуто „Викторијас сикрет“ заедно со мајка си.
Иако Кејт првично ја одврати од моделирањето, Лила истраја. „Мајка ми секогаш ме одвраќа од моделирање. Таа секогаш велеше: ‘Ако сакаш да го направиш тоа, можеш, но не би ти го препорачала’“ откри таа. Минатата година, таа стана милионерка, а нејзината компанија „Grace Grove“ регистрираше резерви од повеќе од 1,15 милиони евра до мај 2025 година.
View this post on Instagram
Ромео Бекам (23)
Средниот син на Бекамови, Ромео, ја започна својата фудбалска кариера во Б тимот на Брентфорд ФК, но изгледа дека модата сè уште е неговиот избран пат. Минатата година потпиша договор со париската модна агенција Safe Management.
Тоа не е ново во светот на модата – на десет години снимаше кампања за Burberry, а на 12 се најде на листата на најдобро облечени мажи на „ЏејКју“, дури 21 место над неговиот татко. Иако сè уште не започнал сопствен бизнис, се проценува дека вреди повеќе од 1,15 милиони евра.
View this post on Instagram
Круз Бекам (20)
Најмладиот син на Бекамови, Круз, тргна по стапките на мајка си и се посвети на музиката. 20-годишниот настапува со својот бенд „Cruz Beckham And The Breakers“ на тајни настапи низ целата земја. Во пишувањето на песните му помага главниот пејач на „The Kooks“, Лук Притчард.
Иако тој ја основа „That’s Not My Robot Ltd“, финансиските извештаи покажуваат дека компанијата должи на доверители, и изгледа дека главниот финансиер сè уште е неговата мајка Викторија.
View this post on Instagram
Холи Рамзи (25)
Едно од шесте деца на познатиот готвач Гордон Рамзи, Холи, е свршена со олимпискиот пливач Адам Пити. Таа се обиде како модел и креатор на дигитална содржина и води свој подкаст „21 & Over“.
Откако беше лекувана за ПТСП, анксиозност и депресија, одлучи да престане да пие на 21 година. Таа неодамна ја основа својата сопствена ПР фирма, „Holly Ramsay Ltd“, која сè уште не поднела финансиски извештаи.
View this post on Instagram
Тили Рамзи (24)
Помладата сестра на Холи, Тили, стана позната на пошироката јавност по учество во шоуто “Strictly Come Dancing”. Како и нејзиниот татко Гордон, таа се посвети на готвењето и изгради импресивна кариера: водеше своја кулинарска емисија на „Си-би-би-си“, објави книга за готвење кога имаше само 15 години и беше судија на емисијата „MasterChef Junior“.
Иако се проценува дека заработила околу 1,15 милиони евра, извештаите на нејзината компанија „Tilly Ramsay Ltd“ покажуваат долг од околу 7.430 евра.
View this post on Instagram
Ирис Ло (25)
Ќерката на актерите Џуд Лоу и Сејди Фрост порасна опкружена со британски ѕвезди. Нејзината кумa е Кејт Мос, а нејзината ќерка Лила ѝ е најдобра пријателка.
Ирис започна да се занимава со моделирање, појавувајќи се во Vogue како дете. Оттогаш, таа е лице на кампањите за „Барбери“, „Версаче“ и Стела Мекартни. Нејзината вистинска вредност се чува во тајност, но се проценува дека вреди најмалку 1,15 милиони евра.
View this post on Instagram
Анаис Галагер (25)
Ќерката на Ноел Галагер и Мег Метјус гради кариера како инфлуенсер на Тикток, каде што има 177.000 следбеници. Таа го користи својот статус како „непо бебе“ за да стане интернет-ѕвезда, и наводно ѝ помогнала на татко ѝ да состави сетлиста за турнејата „Oasis reunion“.
Таа работи како модел, фотограф и водителка, и наводно ќе заработи стотици илјади евра оваа година.
View this post on Instagram
Џин Галагер (24)
Синот на Лиам Галагер ги следел стапките на својот татко и е фронтмен на инди-рок бендот Виланел. Бендот имал можност да настапи како воведен изведувач на соло турнејата на Лиам во 2024 година. Сепак, Џин наводно ја оставил гитарата настрана за да ги придружува татко му и чичко му на големата турнеја за повторно обединување на „Оејзис“. Тој сè уште не основал свој бизнис.
View this post on Instagram
Раферти Раф Ло
Постариот син на Џуд Ло се занимавал со музика и манекенство, но во последниве години се фокусирал на глумата. Се појавил во краткиот филм „Шапката“ со својот татко, а го играл Оливер Твист во филмот „Твист“ наспроти Мајкл Кејн и Рита Ора.
Неговите две претходни компании, „Sho Productions“ и „Sho Records“, биле насилно дерегистрирани.
View this post on Instagram
Миа Триплтон (25)
Ќерката на добитничката на Оскар, Кејт Винслет, и режисерот Џим Триплтон, успешно гради актерска кариера. Иако првите улоги ги играла со нејзината мајка, изворот тврди дека таа се обидува да излезе од својата сенка. „Искрено, таа не сака да живее во сенката на нејзината мајка“, рекол изворот.


