Маја Хок и Кристијан Ли Хатсон / Фото: Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Ќерката на Ума Турман и Итан Хок се омажи на Денот на вљубените, на свадбата беа и ѕвездите од „Почудни нешта“

Актерката Маја Хок, позната по улогата на Робин во серијата „Почудни нешта“ (Stranger Things), се омажи за музичарот Кристијан Ли Хатсон на 14 февруари, на интимна церемонија во Њујорк, пренесува „Пипл“.

Хок и  Хатсон си го кажаа судбоносното „да“ во присуство на најблиските пријатели и семејството.

На венчавката присуствуваа и нејзините родители, актерите Итан Хок и Ума Турман. Иако беа во брак од 1998 до 2005 година, поранешните сопружници остануваат во коректни односи. Меѓу гостите беше и нивниот син Левон Роан Турман-Хок.


Свеченоста ја збогатија и бројни колеги од „Почудни нешта“, меѓу кои Фин Волфхард, Гејтен Матарацо, Калеб Меклафлин, Сејди Синк, Наталија Дајер, Чарли Хитон и Џо Кири.

Невестата носеше бела венчаница комбинирана со широк пердувест зимски капут, додека Хатсон се одлучи за класичен смокинг. Ума Турман избра светлосина тоалета со чевли во иста нијанса, а Итан Хок беше во целосно црна комбинација.

Тие се запознале пред неколку години работејќи на музика. Хатсон минатата година потврди дека се свршени, а во април Хок беше фотографирана со дијамантски прстен на раката. Истата пролет парот за првпат заедно се појави на црвен тепих.


Хатсон, музичар од Њујорк, настапуваше како предгрупа на Фиби Бриџерс на турнеи во 2022 и 2023 година, а учествуваше и на албумот на Хок „Chaos Angel“ од 2024 година.

Во интервју за „Зак Сенг Шоу“, Хок изјави дека најдобро е да бидеш во врска со некој што ти е и пријател.

„Тој ме познава како личност со чувства, а не како празно платно на кое може да ја проектира својата идеја за совршена девојка“, рече актерката.

ВИДЕО | Ќерката на актерските легенди јавно призна: Го излажав татко ми дека одам на терапија, но всушност отидов да ја изгубам невиноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот