ФОТО+ВИДЕО | Kажаа „да“ пред целиот свет: Пар се венча за време на настапот на Бед Бани на Супербоул
Љубовта беше во воздухот за време на полувремето на Супербоул. Невестата и младоженецот кои се појавија за време на настапот на Бед Бани вистински се венчаа на теренот на стадионот „Ливајс“ во Санта Клара, Калифорнија.
Препорачано
Околу пет минути по почетокот на 13-минутниот спектакл, матичарот ги прогласи за венчани, а младенците, двајцата облечени во бело, се бакнаа опкружени со танчери и музичари. Невестата носеше креација од дизајнерката Хејли Пејџ, венчаница без прерамки со деколте во форма на срце и чипка по целата површина, пренесуваат странските медиуми.
The wedding during Bad Bunny’s #SuperBowl halftime show was real. pic.twitter.com/LFttQIG0WS
— Pop Core (@TheePopCore) February 9, 2026
По бакнежот, двојката се раздели, по што се појавија Лејди Гага и „Лос Собринос“, порторикански салса бенд кој учествуваше на најновиот албум на Бед Бани. Тие ја изведоа „Die With a Smile“ од Гага пред Бед Бани да се врати на сцената за да го изведе својот хит „Baile Inolvidable“, танцувајќи меѓу гостите на свадбата и прегрнувајќи ја двојката.
По настапот, неговиот претставник потврди дека двојката навистина се венчала за време на шоуто. Всушност, неименуваната двојка го поканила музичарот на нивната свадба, но тој предложил да станат дел од неговиот настап. Уметникот бил сведок и го потпишал нивниот венчален лист, а била послужена и вистинска торта.
Настапот на 31-годишниот музичар, исто така, го прослави својот роден Порторико. Различни аспекти од неговата култура, како што се танцот и храната, беа истакнати во текот на целото шоу.
@espn (📺 NBC) #espnsocial #nfl #badbunny #wedding ♬ Little Things – Adrián Berenguer


