ФОТО+ВИДЕО | Како изгледаат денес ќерките на Брижит Макрон: Едната е кардиолог, другата адвокатка, а цел Париз гледал во нив на Модната недела
Ќерките на првата дама на Франција пред неколку дека се појавија на Модната недела во Париз, на ревијата „Интерде“, поврзана со изложбата на „Лоренс енд Графенстаден“. На таа изложба, една од наследничките на Брижит Макрон, Лорaнс Озиер, ги претставила своите уметнички дела, нејзината сестра Тифен Озиер ѝ била голем поддршка, како и нејзината мајка, која не присуствувала на настанот, но нашла начин да ја поддржи.
Препорачано
View this post on Instagram
Тифен и Лоранс Озиер носеле модерна, елегантна облека, па дури може да се најде врска помеѓу нивните стилови на облекување со манирот на нивната мајка Брижит Макрон, која има многу препознатлив моден печат.
Тифен носела црна монохроматска комбинација, додека Лоранс црната боја ја споила со белата и не го криела своето задоволство од успешната изложба. Во еден момент, нивната мајка се вклучила преку видеоповик, а насмеаната Лоранс им ја покажала на новинарите и на другите луѓе собрани на настанот.

За Брижит Макрон и за нејзините ќерки многу се пишува во последно време. Пред речиси една недела, првата дама на Франција беше на одмор со своите ќерки, а фотографии од зимскиот одмор објави и „Парис мач“. На тие фотографии можете да видите дека модата многу се следи во семејството на првата дама на Франција како оригинален пример и добар стил се пренесува од генерација на генерација.
View this post on Instagram
Брижит Макрон ги доби ќерките Тифен (42) и Лоранс (49) со првиот сопруг, Андре-Луј Озиер.
Брижит со првиот сопруг го добила и синот Себастијан (51). Озиер е роден во 1951 година во Камерун, бил француски банкар, мошне резервиран човек, кој секогаш ги избегнувал медиумите. Тој се нашол во центарот на вниманието кога се дознало за врската меѓу Брижит и Емануел Макрон, пишува „Гала“.
Најголемиот дел од животот го поминал работејќи во банкарскиот сектор, најчесто во „Banque Française du Commerce Extérieur“. По разводот од Брижит, тој успешно ги избегнувал медиумите, што изненадило многумина бидејќи не ги сакал „петте минути слава“.
Кој е првиот сопруг на Брижит?
Првиот сопруг на Брижит Макрон бил неконвенционален и дискретен човек, раскажала нивната ќерка, која и соопштила дека нејзиниот татко починал во декември 2019 година, на 68-годишна возраст.
„Тој беше погребан во најстрога приватност на 24 декември. Го обожавав, тој беше посебно суштество, неконформист кој ја ценеше својата анонимност повеќе од сè друго. Тоа мора да се почитува“, напишала таа во својата колумна.
Како што пишува списанието „Клоусер“, поранешниот сопруг на првата дама на Франција бил погребан на гробиштата Пјер-Лашез во Париз, познати како вечно почивалиште на Џим Морисон и Оскар Вајлд. Тој почива покрај бројни славни личности, меѓу другите Балзак, Шопен (неговото срце е погребано во Варшава), Едит Пјаф, Марсел Пруст…
Кои се ќерките на Брижит Макрон?
Тифен Озиер била во брак со доктор со кого добила две деца. Тие се разделиле во јануари 2025 година и таа набрзо била фотографирана со контроверзниот француски ТВ-водител Кирил Ханун (51) кој го обвинува фрацускиот претседател Макрон Емануел за откажувањето на неговата емисија.
View this post on Instagram
Неговите сензационалистички тактики и екстремно десничарска наклонетост доведоа до трајно прекинување на емисијата што ја водеше. „Парис мач“ објави на насловната страница фотографија од новопечената двојка Тифен и Кирил на аеродромот во Париз. Како што тврди претходно споменатиот весник, дефинитивно станува збор за нешто поголемо од пријателство, а исто така објави дека Брижит ја поддржува врската на нејзината ќерка како врска „помеѓу разумна жена и провокатор“, што е доказ дека „спротивностите се привлекуваат“.
Тифен Озиер е адвокатка и романописец, во 2024 година ја објави „Assises“, книга за судска драма што ги истражува правните последици и одговорите на семејното насилство.
Тифен отишла на церемонијата во Елисејската палата во Париз со својот поранешен сопруг и децата, како и својот брат Себастијан Озиер. Таа е активна на социјалните мрежи, како и нејзината сестра Лоранс, често се во друштво на нивната мајка Брижит.
Лоранс одела во истото училиште како и нејзиниот очув Емануел Макрон, „Ла Провиденс“. Таа била негова пријателка, а неговите родители мислеле дека нивниот син се заљубил во ќерката на Брижит.
Лоранс станала кардиолог, била во брак со радиолог и добила три деца со него. Тој се занимава и со сликарство.


