Фото: Скриншот/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Како изгледа еден ден во градинка во Данска: Мајките од другите земји се шокирани

Децата во Исланд, Финска, Норвешка, Шведска и Данска имаат највисоки стапки на благосостојба на глобално ниво. Од нив можеме сешто да научиме.

Иако Данците се посреќни и поздрави, видео од една градинка во таа земја многумина шокираше.

Всушност, воспитувачката Вини Ен објавила видео од деца како си играат во калта, додека се тркалаат и скокаат коишто за повеќето изгледаат несоодветни.

„Играњето и скокањето во калта е повеќе од само забава – тоа е важно за сензорниот развој на децата. Кога децата поминуваат време во природата, тие ги вклучуваат сите свои сетила: допир, вид, мирис, слух. Од чувството кое калта го создава меѓу прстите, до мирисот на земјата што го исполнува воздухот, играта со кал нуди богато сетилно искуство што не може да се повтори во затворен простор. Дозволете им да го прифатат нередот и радоста на играта во калта – нивните сетила ќе им бидат благодарни за тоа“, стои во описот на видеото.

Видеото набрзо стана вирално и се прошири на другите профили, а многу луѓе го коментираа. Некои велат дека не би сакале нивните деца толку валкани да се вратат од градинка.

„Во ред е децата да се забавуваат, но сигурна сум дека родителите не се задоволни кога децата се враќаат од градинка со калливи алишта“, рекла една жена, „Како ги чистите децата по ова? Јас сум воспитувачка во Америка и сигурна сум дека родителите не би биле среќни доколку им ги предадам децата толку валкани“, се прашуваат тие.

Фото: Инстаграм/„Winni og Annes flexible private pasning“

Многумина се прашуваат дали оваа практика е безбедна за здравјето.

„Вака децата можат да се заразат соиглисти“, заклучила една мајка. „Само ме интересира што се случува кога децата ќе стават кал во устата, па ќе добијат инфекција“, се само некои од коментарите.

Фото: Инстаграм/„Winni og Annes flexible private pasning“

Мајка од Финска објаснила дека во градинките во таа земја има тушеви и кади во кои децата можат да се искапат кога ќе се извалкаат со кал.

„Од родителите се бара да чуваат четири комплети чиста облека во шкафовите. Персоналот ги тушира и ги пресоблекува децата дури и по оброците. Претпоставувам дека затоа Финска е рангирана како најсреќна земја во светот седум пати по ред. Оваа практика на оставање на децата да си играат надвор е нормално овде во нордиските земји“, открила таа.

„Кај нас велат дека не постои лошо време, туку само лоша облека“, рекла една мајка од Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот