Хејли Бибер / Фото: Christopher Khoury / Zuma Press / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Хејли Бибер во провокативен фустан со длабоко деколте на црвениот тепих го украде целото внимание

Манекенката Хејли Бибер ги привлече сите погледи на премиерата на филмот „Оркански височини“ (Wuthering Heights) во Сиднеј, појавувајќи се во целосно проѕирен фустан.

На црвениот тепих таа прошета во креација од модната куќа Ив Сен Лоран, изработена од нежна тантела, која совршено ја истакна нејзината витка фигура. Црниот фустан беше целосно од тантела, со нагласено деколте и впечатлив горен дел, додека одоздола носеше само долна облека. Долгите ракави се прошируваа кон краевите, додавајќи ѝ доза префинетост на комбинацијата.

Од накит избра минималистички пристап – впечатлив прстен со дијамант на левата рака, а изгледот го надополни со црни сандали со тенки ремчиња, исто така од „Сен Лоран“, со вредност од околу 1.100 долари.

На премиерата блескаше и главната актерка Марго Роби, која се појави во корсет-фустан од модната куќа Аши Студио (Ashi Studio).

Хејли пристигна во Австралија по повод неодамнешното претставување на својата козметичка линија „Rhode“. Изминатите недели ѝ беа особено динамични – таа присуствуваше и на финалето на НФЛ, познато како Супербол, како и на доделувањето на музичките награди Греми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот