Бјанка Ценсори/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Бјанка Ценсори ги избриша сите профили на социјалните мрежи, но сега се врати и крена прашина!

Сопругата на раперот и дизајнер Канје Вест, Бјанка Ценсори, се врати и веднаш крена прашина во јавноста. Таа го направи она што најдобро го знае – предизвика внимание со својот контроверзен начин на облекување.

Веќе извесно време јавноста не можеше да се информира за актуелните настани од приватниот живот на Бјанка Ценсори. Таа ги избриша своите профили на социјалните мрежи и некое време се држеше настрана.

Причината е непозната, но многумина се сомневаат дека добила „наредби“ од нејзиниот сопруг, Канје Вест, да молчи.

Но, сега таа одлучила да го покаже своето лице во јавноста, па фотографите ја снимиле во Сеул, Јужна Кореја.

 

Како што објавија медиумите, Бјанка го претставила својот настап „БИО ПОП“ на Меѓународната уметничка изложба, а привлече внимание со својата комбинација на облека и бизарни сцени.

 

Сопругата на Канје Вест носела црвен латекс комбинезон кој целосно го покрива нејзиното тело – од глава до пети, а фотографиите и видеата од нејзиното објавување, како и од настапот, станаа вирални.

 

Бјанка Ценсори го претставила својот прв дел од проектот „Bio Pop (The Origini)“. Изложбата го привлекла вниманието на јавноста поради необичниот концепт, вклучувајќи „човечки мебел“ и маска со ликот на Бјанка.

Изложбата била исполнета со необичен „човечки мебел“ што Бјанка сама го дизајнирала, вклучувајќи маски со нејзиното лице. На социјалните мрежи, Анџелина сестрата на Бјанка, ги покажала деталите на бизарното столче направено од кукла што наликува на Бјанка.

 

ВИДЕО | Ким Кардашијан во солзи во новиот документарец за Канје Вест: „Порано не беше ваков!“

Бјанка повторно парадираше по улиците во необичен стајлинг: Се обиде да ги „сокрие“ градите со пердуви и ѓердан од бонбони

ФОТО | Како друга личност: Погледнете како изгледала Бјанка Ценсори пред да се омажи за Канје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот