ФОТО+ВИДЕО | Еве зошто цел свет ја сожалува најубавата Италијанка: Жива е, а сите се грабаат за нејзиното богатство!

Фото: Профимедиа

Џина Лолобриџида најмила адвокат кој е специјализиран за разоткривање на мафијата за да се пресмета со сопствениот син на суд и да ја врати контролата над своето богатство од 35 милиони фунти.

Оваа 94-годишна дама, која на врвот на кариерата беше прогласена за најубава жена на планетата, го ангажирала влијателниот адвокат Антонио Ингроја за да ѝ помогне во правната борба против нејзиниот син Милко Шкофич.

Џина со синот Милош/Фото: Профимедиа

Шкофич го обвинува 34-годишниот асистент на својата мајка, Андреа Пјацола дека ја измамил, а минатиот месец ја добил судската пресуда, па Лолобриџида сега може да ги користи своите пари само за секојдневни трошоци, барем додека не се решат правните спорови против Пјацола.

Актерката се појавила на италијанската телевизија во неделата, велејќи низ солзи дека е „понижена“ и дека бара „легитимно право да старее, а не да биде ограбена“ и дека судот треба „да ја остави да остари и да умре во мир“.

Фото: Профимедиа

Инаку, публиката нема можност често да ја гледа Џина во јавност, па повеќето беа изненадени од изгледот на оваа времена дама – таа се појави во сина блуза со принт и впечатлив тиркизен ѓердан и со натапирана, кратка кафеава коса, а малкумина би погодиле дека оваа дама се ближи до својот 100-ти роденден!

– Јас не го заслужувам ова. Не сум направила ништо лошо, но моето семејство е бесно на мене и не ме остава на мир. На мои години требаше да имам малку мир, но се уште го немам. Имам право да живеам и да умрам во мир – изјавила таа за италијанскиот РАИ 1.

Инаку, врската на Лолобриџида со Пјацола датира најмалку една деценија, кога тој на свои 24 години станал нејзин возач. Подоцна бил унапреден во нејзин асистент, потоа во нејзин менаџер, пред да се пресели со својата партнерка кај актерката. Со години кружат шпекулации за тоа колку се зближиле, а Пјацола често се појавувал со Џина во јавност, секогаш држејќи ја за рака.

Случајот против него датира од 2015 година, кога тој беше обвинет дека ја презел контролата врз компанијата „Visi D’arte“, која управува со имотот на актерката и ја користел за да продаде три луксузни имоти и да купи спортски автомобил „ферари“. Тој е обвинет дека користел банкарски сметки на име на неговите родители за да им префрли илјадници евра од богатството на филмската ѕвезда. Последниот правен случај се однесува на 350 уметнички дела и антиквитети во вредност од околу 250.000 фунти, за кои Пјацола е обвинет дека ги продал без знаење на Џина.

Во пресрет на случајот, Шкофич поднел барање за блокада на имотот до италијанскиот Врховен суд, за мајка му повеќе да не го подарува истиот. На почетокот на октомври, судот пресудил во негова корист, откако добиле докази дека Лолобриџида има „ослабено чувство за реалност“ и дека е предмет на експлоатација. Судиите одлучиле дека Џина може да ја задржи контролата врз секојдневните трошоци, но дека треба да биде спречена да управува со највредниот имот, барем додека не заврши случајот против Пјацола.

Фото: Профимедиа

По ваквата пресуда Лолобриџида го ангажирала адвокатот Ингроја.

„Јас сум нејзин адвокат затоа што ме бараше и чувствуваше потреба да има некој да се бори со неа. Со години се борев против мафијата и во истиот дух тоа ќе го направам и за Џина Лолобриџида“, изјавил тој за РАИ1.


Во телевизиско интервју актерката истакнала дека го гледа Пјацола „како син“ и дека тој дури и ја крстил својата ќерка по неа. Додала дека тој е нејзината „среќа“ која ѝ помогнала да напредува откако се отуѓила од Шкофич.

„Животот е мој и јас одлучувам што ќе правам со него. Давањето подароци на Андре и неговото семејство е нешто што треба да се однесува само мене и на никој друг“, коментира таа.

Шкофич, по интервјуто на својата мајка Џина, ги демантирал тврдењата дека покренал судска постапка против мајка си, велејќи дека се што прави е за да ја заштити.

Ова не е првпат маж близок на Лолобриџида да биде обвинет дека се обидел да украде дел од нејзиното богатство. Пред неколку години таа лично го обвинила својот поранешен партнер Хавиер Риг Рафолс дека со измама се оженил со неа за да ги наследи нејзините пари. Славната Италијанка со овој 58-годишник била во љубов повеќе од 20 години, а парот наводно планирал да се венча, но церемонијата никогаш не се одржала бидејќи Лолобриџида ја откажала. Тие се развеле во 2007 година, но шпанскиот бизнисмен со полномошно успеал да склопи брак со неа во 2010 година, притоа плаќајќи ѝна една жена да ја глуми Џина на венчавката во Барселона. Целата фарса била откриена дури во 2013 година, а Рафолс бил обвинет за измама и фалсификување.