Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска

ФОТО+ВИДЕО | „Едрам за првпат“: Катарина Ивановска сподели фотографии од одморот на магичната Лефкада

Македонската манекенка Катарина Ивановска го избра грчкиот остров Лефкада како совршена дестинација за летување годинава. Убавата Македонка се впушти во едриличарска авантура, во друштво на својот партнер Стефан Ханџиски и блиски пријатели.

Сега таа сподели серија фотографии од магичното летување, исполнето со романтични мигови и многу забава.

„Едрам за првпат“, напиша Ивановска во описот на објавата.

Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска
Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска

Пред околу еден месец, таа ја отвори летната сезона со патување на море со ќерката Кира, неколку од нејзините најблиски пријателки и нивните деца. Манекенката објави неколку фотографии од ова женско патување, на кои се гледа како чита книга, додека Кира се забавува на плажа со другарчињата.

Малата Кира, според многумина, многу наликува на мајка ѝ, а со оглед на тоа дека Ивановска е една од најуспешните македонски манекенки, не е чудо што многумина веќе ја гледаат како нејзина наследничка.

Да потсетиме, Катарина Ивановска од врската со Цобе ги има синот Вања и ќерката Кира, а во моментов е во врска со Стефан Ханџиски, директор на групацијата „АСУРА“.

Во интервју за „Слободен печат“, таа откри како се снаоѓа во улогата на мајка: „Моите деца не се поинакви од нивните другарчиња. Немам потреба да сум нешто многу строга од проста причина, тие имаат толку многу активности и исполнето време со дружење, она што мене ми останува е многу љубов и одговарање на преку милион прашања дневно. Инаку, моите деца се смируваат веднаш штом и малку се налутам, којзнае колку страшно им изгледам (хахаха). Јас ретко стигнувам до моментот да сум строга, бидејќи сум малку здодевна мајка кога станува збор за вербалното објаснување на работите кои не се коректни во однесувањето“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот