ФОТО+ВИДЕО | Драматични апели преку Фејсбук: ПОМОООШ! На сите страни се шири пожарот крај Пехчево!

Фото: Фејсбук

Планинарот од Пехчево, Марјан Митриновски пред малку упати драматичен апел за помош од местото на пожарот во непосредна близина на Пехчево. Митриновски на својот Фејсбук профил напиша:

„Луѓе! Пожарот во близина на Пехчево се шири на сите страни. Помош!!!“, проследено со неколку фотографии и видео-снимки на кои се гледа како гори густа борова шума.

Фото: Марјан Митриновски

Митриновски уште вчера извести за ширење на пожарот во пошироката околина на Пехчево, каде самиот учествуваше во гаснењето на огнената стихија. Според најновите податоци на Центарот за управување со кризи, во 13 часот пожарот се рашири во насока на селата Робово, Умлена и Чифлик, а на ширењето му погодува силниот ветер кој ги разгорува огнените јазици. Од ЦУК информираат дека на терен се пожарникарите, припадниците наАрмијата, а во секој момент се очекува да пристигне и специјална ПП единица од Словенија.

Фото: Марјан Митриновски

„Има јавување од терен дека пожарот нагло се проширил накај Негрево и сега оди директно накај Пехчево“, алармираат од локалното население на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот