Фотографијата на рускиот и британскиот амбасадор ги разлути Иранците

Рускиот и британскиот амбасадор во амбасадата во Москва/ Фото: Twitter Russian Embassy, IRI

Иран денеска повика разговор со рускиот и британскиот амбасадор откако на Твитер беше објавена слика од страна на руската амбасада која потсетува на Техеранската конференција во 1943-та година, кога Иран беше окупиран од страна на сојузничките сили, пренесува Гардијан. 

Фотографијата, која министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф ја нарече крајно неприфатлива, придонесе бурни реакции во Иран. 

На сликата, рускиот амбасадор Леван Џагарјан и британскиот амбасадор Сајмон Шерклиф, седат на местото каде седеле поранешниот претседател на САД, Френклин Д. Рузвелт, поранешниот британски премиер Винстон Чурчил и советскиот лидр Јосиф Сталин, во истата амбасада во Русија, каде се склучил договорот за стратегијата во 1943-та година. 

Амбасадорот на Русија се извини и изјави дека неговата намера била само да потсети на сојузна Русија и Британија против нацистите за време на Втората светска војна, се вели во соопштението на министерството за надворешни работи на Русија. 

Чурчил, Сталин и Рузвелт за време на Техеранската конференција 1943-та година/Фото:STF/AFP via Getty Images

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот