Фотографија која го воодушеви светот: Меси и Антонела како деца

EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Лионел Меси целиот живот е само со една девојка, сопругата Антонела Рокузо со која има три сина, Тиаго, Матео и Чиро. Меси и Антонела се познаваат од детството бидејќи израснале заедно во аргентинскиот град Розарио.

Локален аргентински весник објави доказ за долгото познанство помеѓу фудбалерот и неговата сопруга, слика од 1998 година на која се заедно 11-годишниот Меси и една година помладата Антонела.

Меси со екипата на Розарио се наоѓал на фудбалски турнир, имале слободен ден и заминале на плажа. Роднина на еден од неговите соиграчи на плажата бил со своето семејство, а една од девојките била и Антонела и токму од тука започнало нивното познанство.
Две години подоцна Меси се преселил во Барселона, а Антонела му се придружила по седум години.

 

View this post on Instagram

 

ultimo domingo del año 2018❤️

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antoroccuzzo88) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот