ФОТОГАЛЕРИЈА | Нова Мис Универзум е прекрасната Индијка, зад себе остави 79 убавици

Фото: Инстаграм/ЕПА/ATEF SAFADI

Се одржа 70. светски избор за убавина, а титулата Мис Универзум за 2021 година ја понесе Харназ Санду (21), Мис на Индија.

Индијката зад себе остави 79 убавици, а титулата прва придружничка ја освои Мис Парагвај Надја Фереира. Втората придружничка е Мис Јужна Африка Лалеу Мсване. Во првите 16 влегоа претставничките од Јужна Африка, Венецуела, Парагвај, Америка, Филипините, Аруба, Индија, Велика Британија, Виетнам, Јапонија, Бахамите, Порторико, Панама, Сингапур, Колумбија и Франција.

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Минатогодишната победничка Андреа Меза ѝ ја додели круната на новата Мис Универзум пред Санду да прошета по пистата во Израел.

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI
Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Дваесет и едно годишната убавица е силна поборничка за зајакнување на позицијата на жените во светот, а признала дека нејзин одличен модел е познатата актерка Пријанка Чопра. Санду се занимава и со глума, а слободното време сака да го поминува вежбајќи јога, танцување, готвење, јавање и играње шах, пишува „Пипл“.


Санду беше главна фаворитка на обложувалниците за титулата Мис Универзум. Таа е веќе добро позната во светот на манекенството бидејќи е последната победничка на LIVA Miss Diva, а се круниса и си титулата Мис на Индија, која е една од најпрестижните награди. Индија последен пат победи на изборот за Мис Универзум во 1994 година благодарение на Сушмити Сен.

Инаку, oвој натпревар беше историски, бидејќи за првпат се натпреваруваше претставничка на Обединетите Арапски Емирати и за првпат по повеќе од четири децении, Мис Мароко се врати во натпреварот за изборот за Мис на светот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот