Фото. Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ФОТОГАЛЕРИЈА: Црвена Звезда со пресврт славеше над Вардар во Скопје

Вечерва во Скопје се одигра натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда во кој резултатот беше во втор план и натпреварот помина во знакот на трагедијата во Кочани која се случи пред точно еден месец, а сите средства собрани од билетите ќе бидат донирани на семејствата на настраданите. Звезда на крајот славеше победа со 1-3.

Натпреварот започна со многу емоции и минута молк за жртвите, а на теренот се играше мирно и без многу шанси. „Комити“ во почетните минути истакнаа „благодарам“ на повеќе јазици упатено до сите земји кои помогнаа на Македонија по трагедијата.

Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Вардар прв поведе кога дефанзивецот Михаил Маневски по една контра ја погоди мрежата на голманот Глазер, неговиот гол донесе ерупција на речиси исполнетиот стадион. Звезда не напаѓаше не премногу, меѓутоа во финишот од првиот дел успеа да направи пресврт. Прво Лука Илиќ во 41. минута израмни на 1-1 за само три минути подоцна Катаи да го совлада Гачевски за целосен пресврт.

На паузата помеѓу двете полувремиња беа поздравени легендите на двата клуба кои оставија трага во минатото. Вториот дел донесе мирна игра со уште помалку шанси, а во финишот конечните 1-3 ги постави Урош Сремчевиќ.

Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот