Том Круз
Том Круз / Фото: EPA/FRANCK ROBICHON

ФОТО | Зошто Том Круз се разведува од сопругите кога ќе наполнат 33 години? Теоријата е неверојатна

На социјалните мрежи повторно кружи бизарна теорија поврзана со љубовниот живот на Том Круз, која ги поврзува сите три негови поранешни сопруги со една необична случајност. Имено, интернет корисниците забележале образец што предизвикал бројни дискусии.

Познатиот актер бил во брак трипати. Првиот брак со Мими Роџерс го склучил во мај 1987 година, а се развеле три години подоцна. Во декември 1990 година се оженил со Никол Кидман, а нивниот брак траел 11 години – до 2001. Третпат стапил во брак со Кејти Холмс во 2006 година, со која ја има ќерката Сури, но и овој брак завршил со развод во 2012 година.

All Tom Cruise’s wives were 33 at time of divorce…[OC]
byu/ewat456 indataisbeautiful

Мистеријата на бројот 33

На прв поглед, изгледа како Круз едноставно да нема среќа во љубовта, но корисниците на интернет забележале неверојатна „случајност“, сите негови поранешни сопруги имале точно 33 години во моментот кога се развеле.

„Том Круз раскина со сите три свои сопруги кога имале 33 години“, се наведува во објава една објава на Редит.

Оваа случајност станува уште поинтригантна ако се земе предвид дека бројот 33 наводно има особено значење во скиентологијата. Според порталот Таа знае“, основачот на скиентологија, Л. Рон Хабард, го опишал бројот 33 како симбол на „желба да се просветлат другите и да се водат кон нивната судбина“.

Легендарната изјава на Никол Кидман

Среде расправите околу браковите на Круз, повторно исплива и легендарната изјава на Никол Кидман. По разводот во 2001 година, таа беше гостинка во емисијата на Дејвид Летерман. На прашањето како се чувствува, австралиската актерка се насмевна и одговори:

„Па, сега можам да носам потпетици.“

Нејзиниот духовит коментар, очигледно насочен кон висината на Круз (се вели дека е висок околу 170 см), предизвика смеа кај публиката, по што Кидман брзо додаде:

„Да одиме понатаму. Време е да продолжиме.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот