ФОТО | Зоки Фаци се огласи од болница: Се надевам дека го победив карциномот уште еднаш

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Естрадниот новинар и водител Зоран Василевски – Фаци, кој пред речиси две години беше опериран од карцином на ногата, повторно бил подложен на операција.

Василевски бил опериран во Државна болница, на Одделот за реконструктивна хирургија.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Василевски ги шокираше своите следбеници кога сподели фотографии и снимки дека се наоѓа во болница.

Василевски објави дека се наоѓа на Oдделот за пластична хирургија, каде бил опериран, при што се заблагодари на лекарите што го оперирале, како и на вработените.

„Дечки мои, преживеав уште една голема битка, благодарам од срце на целиот тим на д-р Џонов и неговиот асистент Благоја Србов, како и на сите вработени на пластична хирургија, чувајте се, канцерот не е зезање, се надевам дека го победив уште еднаш“, напиша Василевски во описот на фотографиите.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Во видеата што ги објави синоќа од болницата, Зоки им се обрати на своите следбеници.

„Здраво, драги мои. Ви се обраќам од Државна болница, од Одделот за пластична хирургија. Добро сум, операцијата беше во 11 часот. Се освестив, цел ден спијам. Имам катетер, имам некои вакви чуда. Фала ви на сите за пораките, навистина многу ми значат, чувајте се. Се надевам дека карциномот е минато и дека нема веќе да се врати никогаш. Го издржав ова многу храбро“, вели тој.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Зоки Фаци сподели шокантна информација за своето здравје: Пред 10 дена ми извадија канцер!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот