ФОТО | Зои Кравиц и Хари Стајлс тајно се свршиле? Сите гледаат во нејзиниот прстен
Актерката и пејачка Зои Кравиц (37) ги разгоре гласините за свршувачка откако беше забележана со огромен прстен додека се бакнуваше со своето момче, Хари Стајлс (32) во Лондон, пишува „Пипл“.
Препорачано
Нејзиниот рстен беше забележан на нејзината рака и два дена претходно, за време на заедничко излегување.
Иако претставниците на познатата двојка сè уште не одговориле на барањата за коментар, нивната врска се развива доста брзо. Во август 2025 година, тие за првпат беа видени заедно во Рим, додека Зои беше на промотивна турнеја за нејзиниот филм „Фатена како краде“. Во септември истата година, двојката беше фотографирана во Њујорк како руча со таткото на Зои, познатиот рокер Лени Кравиц. Извори блиски до двојката тогаш изјавија дека „ова изгледа како нешто повеќе од минлива авантура“.
View this post on Instagram
Во декември, Хари помина многу време во Рим, каде што Зои често му се придружуваше. Изворите го опишуваат нивниот заеднички живот како „опуштен“, со долги прошетки и дружење со пријатели.
Зои планира да му се придружи на Хари на неговата претстојна светска турнеја „Заедно, заедно“, која започнува во мај. Турнејата го придружува неговиот нов албум со симболичен наслов: „Бакнете се цело време. Диско, повремено“.
За потсетување, Зои Кравиц претходно беше верена со актерот Ченинг Тејтум, но раскинаа на крајот од 2024 година бидејќи сфатија дека се „во различни животни фази“.
Од друга страна, Хари Стајлс последен пат беше во врска со актерката Тејлор Расел, со која раскина во мај 2024 година по помалку од една година врска.
Се чини дека и Зои и Хари конечно пронашле вистинска хемија, а прстенот на нејзината рака сугерира дека можеби наскоро ќе слушнеме ги слушнеме свадбените ѕвона.


