ФОТО | „Златниот пресек“ пресуди: Ања Тејлор Џој е најубавата жена на светот
Актерката Ања Тејлор-Џој (28) е најубавата жена на светот, според пресметките на британскиот пластичен хирург Џулијан де Силва, кој раководи со Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон.
Препорачано
Тој дошол до овој заклучок користејќи компјутерско мапирање на лицето, многу популарен метод во пластичната хирургија. Овој метод се заснова на „златниот пресек“, познат и како „божествен пресек“, пишува „Дејли мејл“.

„Се покажа дека има најдобри отчитувања за положбата на очите со резултат од 98,9 отсто, што е само 1,1 отсто од совршената форма. Ања имаше најдобар резултат и за веѓите. Беше блиску до врвот во речиси секоја категорија, освен за усните“, објаснил Де Силвал.
Второто место на листата на најубави жени во светот според златниот пресек го зазеде Зендаја (94,37 отсто), а Бела Хадид (94,35 отсто) го зазеде третото место. Четврта на листата е Марго Роби (93,43 отсто), а петта е јужнокорејската актерка Сонг Хје-кјо (92,67 отсто). Потоа следат Бијонсе, Тејлор Свифт, Џанг Зији, Алија Бат и Назанин Бониади.


