ФОТО | Зендаја посрамотена, ресторан во Рим одби да ја прими: Не може да влезеш вака облечена

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Младата холивудска ѕвезда Зендаја доживеала непријатен момент во Рим во саботата, бидејќи не ѝ дозволиле да влезе во ресторан поради строгиот кодекс на облекување.

Ѕвездата се појавила во лежерна комбинација, со црн топ и карго панталони, откривајќи го голиот стомак, па се упатила на вечера во италијанскиот ресторан „Тераца Боромини“, каде од гостите барат посебен кодекс на облекување, пишува „Дејли мејл“.

Лежерниот изглед Зендаја го искомбинирала со кожени чевли и дизајнерска чанта.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Ѕвездата, не изгледала задоволно за време на интеракцијата со персоналот на ресторанот, бидејќи иако имала резервација, сепак не и дозволиле да влезе, поради нејзината и облеката на нејзиното друштво.

Друштвото по инцидентот завршило на вечера во пицерија во близина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот