ФОТО: Заврши снимањето на филмот „Малата сирена“

хали бејли ариел малата сирена дизни
ФОТО: Инстаграм

Филмската верзија на „Малата сирена“ завршила со продукција, според објавата на „Инстаграм“ профилот на Хали Бејли која ќе ја толкува улогата на Ариел.

Бејли се огласила на нејзиниот инстаграм-профил за да ја изрази својата благодарност за колегите, екипата и искуството за време на снимањето, нагласувајќи колку искуството „ја направило посилна“ отколку што некогаш мислела дека може да биде и колку е возбудена публиката да го види филмот кој е очекуван со многу ентузијазам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle (@hallebailey)

На фотографијата е прикажана Бејли во костум на Ариел како лежи во океанот, а зад неа зајдисонцето. Во описот исто така им се заблагодарува на нејзините колеги, вклучувајќи ги Мелиса Мекарти (Урсула),  Хавиер Бардем (крал Тритон) и Дејвид Дигс (Себастијан).

Бејли била најавена дека ќе ја толкува улогата на Ариел во 2019 година, што значи дека снимањето на последниот кадар доаѓа две години по изборот.

„Малата сирена“ се придружува на низа други филмски адаптации од „Дизни“, што го прави петтиот филм во официјалната постава, по „Пепелашка“, „Убавицата и ѕверот“, „Аладин“ и „Мулан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот