ФОТО | „Засекогаш заедно“ – Кристина Арнаудов ја сподели најљубовната слика со сопругот
Пејачката и позната хуманитарка, Кристина Арнаудова, ја објави најљубовната слика до сопругот досега. Таа сподели ретка, црно-бела фотографија од нејзината младост, на која е во прегратките на својот сопруг, ракометниот тренер Александар Петровски.
Препорачано
Објавата, пропратена со познатиот хит „Photograph“ на Ед Ширан, носи силна порака за долговечноста на нивната љубов.
Кристина на сликата постави интересно прашање: „Од кога сте заедно? Отсекогаш?!?“, напиша Кристина со емотион насмевка. Таа и Александар се една од најстабилните двојки на нашата јавна сцена.

Оваа фотографија е враќање во деновите на почетоците на нивната врска. Кристина и Александар се заедно уште од нивните рани дваесетти години, градејќи го својот пат низ сите предизвици што ги носи животот под рефлекторите.
Денес, по многу години поминати заедно, тие се горди родители на два сина, Максим и Матео, а Александар е нејзината најголема поддршка како во музиката, така и во нејзината посветена работа со здружението „Проект Среќа“.
„Тие се прекрасни деца, како што би рекла секоја мајка за своите деца. Се трудиме секојдневно да ги учиме да бидат луѓе во вистинска смисла на зборот, со сите да се однесуваат еднакво, да бидат љубезни и културни, и да бидат свои. Не ги тераме ништо да прават со сила, но ако имаат желба, ние им помагаме и ги поттикнуваме. Страв од тоа какви се надвор, какви ќе бидат, како ќе се снајдат во ова општество кое од ден на ден станува сѐ потешко да воспитуваш деца и да бидеш родител, но и да бидеш дете во развој, постои секојдневно“, рече Кристина за своите синови во едно интервју за „Слободен печат“.


