ФОТО | Започна раскошната свадба на принцот од Брунеи и девојката со хрватски корени

Фото: tmski / Planet / Profimedia

Аниша Иса Калебиќ (31), внука на аристократот Иса бин Ибрахим, актуелен министер задолжен за премиерскиот кабинет во Брунеи, се омажи за еден од најпосакуваните ергени во Азија, принцот Абдул Матин од Брунеи, пренесува „Пипл“ (People).

Двојката е свршена од ноември минатата година, а свадбената церемонија започнала на 7 јануари и ќе трае девет дена.

Фото: Инстаграм/ royalfashionpolice

Тоа ќе вклучува кралска церемонија, исламска церемонија во џамијата Омар Али Саифудиен и кралска парада околу главниот град Бандар Сери Бегаван.

Иако убавата Аниша се повлече од социјалните мрежи, се појавија нејзини фотографии на кои позира во елегантна венчаница, скроена по нарачка. Судејќи според фотографијата, користена е традиционална брунејанска ткаенина.

Повеќето на социјалните мрежи го пофалија нејзиниот изглед.

– Изгледаш сензационално; Ти сте прекрасна! – напишаа во коментарите.

Фото: Инстаграм/ royalfashionpolice

На свадбата се очекуваат околу 4.000 гости, а меѓу нив има и гости од Хрватска. Наводно, венчавката ќе се одржи во луксузниот хотел „Empire and Country Club“, а се шпекулира дека ќе присуствуваат и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Нивната љубовна приказна започнала откако се запознале преку пријатели. Таа и принцот наводно ја делат љубовта кон спортот, па често тренираат заедно.

Аниша потекнува од познато брунејанско семејство, нејзиниот дедо Пехин Датук Хаџи Иса бил советник на тамошниот султан и ко-основач на авиокомпанија.

Синот на султанот од Брунеи се жени со Хрватка: Свадбата на најпосакуваниот ерген ќе трае 10 дена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот