Синот на султанот од Брунеи се жени со Хрватка: Свадбата на најпосакуваниот ерген ќе трае 10 дена

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Anisha Isa Kalebic

Најпосакуваниот ерген на светот, принцот од Брунеи, Абдул Матин, следната година во јануари ќе се ожени со Аниша Иса Калебиќ, девојка со хрватски корени.

Таткото на Аниша е Ивица Калебиќ, роден во Загреб, татко му е од Шолта, а мајка му од Чиово. Како што велат Шолтанските приказни, на 17 години Ивица заминал од Сплит и отишол кај Чехинка во Лондон, но љубовта не траела. Во Англија, тој ја запознал Мерием од Брунеи, ќерка на десната рака на султанот и поранешен министер за надворешни работи на Брунеи, Пехин Датук Иса. Со неа имал неколку деца, меѓу кои и ќерката Аниша.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Anisha Isa Kalebic

Според членовите на семејството, Аниша и принцот од Брунеи биле во врска пет години. Тие се познаваат уште од детството, бидејќи нејзиниот дедо Пехин Датук Иса бил советник на султанот Хасанал Болкиах, таткото на принцот.

– Љубовта се случи после толку години познанство. Аниша е прекрасна девојка, не само затоа што е „наша“, туку затоа што е толку добра и едноставна. Принцот е исто таков, кога се сретнавме ме прегрна и бакнуваше како секој друг човек, изјавила една членка од семејството Калебиќ.

Таа додава дека во Брунеи била и бабата на Аниша од Чиово, која лично го видела султанот на поворката.

– Покрај тоа што е убава личност, Аниша е многу паметна девојка. Родена е во Лондон, каде завршила факултет и најнормално го зборува хрватскиот јазик – раскажала братучетката на Аниша.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Mateen
MB

Инаку, Аниша е сопственичка на компанија за производство на свила и на туристичка агенција. Синот на султанот е познат како најпосакуваниот ерген бидејќи е син на најбогатиот султан во светот, чие богатство достигнува 28 милијарди долари.

Нивната свадба закажана за јануари следната година ќе трае десет дена. Султанот е пријател со многу светски монарси, па затоа бил пријател и со кралицата Елизабета Втора. и нејзиниот сопруг принцот Филип. Откако во 2011 година Султанот бил на свадбата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, светските медиуми шпекулираат дека и тие ќе бидат гости на венчавката. Самиот принц од Брунеи, Абдул Матин, беше на последното збогување на кралицата Елизабета Втора. минатата година во септември.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Mateen
MB

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот