ФОТО: За првпат четири судијки водеа фудбалски меч во Македонија!

Фото: facebook.com/stipskiasovi/

Фудбалскиот клуб Брегалница го продолжи победничкиот поход во Втората лига – Исток откако попладнево славеше во Штип над Кит Го со резултат 2:0.

За првпат во второлигашкото друштво правдата ја делеше женска судиска четворка предводена од Ирена Велевачкоска од Прилеп. Нејзини асистентки во текот на мечот беа Билјана Миланова, Елена Соклеска Илиевски и Ивана Пројковска, сите од Скопје.

Брегалница со головите на Дарко Додев дојде до нов триумф и уште еден доказ дека играчите на тренерот Секуловски имаат сериозни амбиции следната година да се вратат во Првата лига.

Фото: facebook.com/stipskiasovi/

Втора лига – Исток, резултати 15 коло:

Брегалница Штип – Кит Го 2:0, Кожув – Росоман 3:2, Осогово – Победа 2:0, Плачковица – Каменица Саса 1:1, Тиквеш – Слога Виница 4:2.

Табела: Брегалница 39 Тиквеш 34, Кожув 25, Слога Виница 20, Кит Го 19, Каменица Саса 17, Осогово 16, Победа 13, Плачковица 11, Росоман 8.

Втора лига – Запад, резултати 15 коло:

Дрита – Велешта 0:1, Скопје – Гостивар 4:0, Кадино – Кораби 0:1, Вардар Форино – Охрид 0:1, Велазерими – Тетекс 0:2.

Табела: Скопје 36, Велешта 29, Гостивар 27, Охрид 25, Кораби 24, Велазерими 22, Кадино 15, Вардар Форино 13, Тетекс 10, Дрита 7.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот