ФОТО | „За љубов се потребни… јајца“: Игор и Илина го прославија денот на вљубените и виното

Фото: Инстаграм

Вчерашниот ден, 14 февруари, е ден кога се слават виното и љубовта, односно Свети Трифун и Свети Валентин, т. н. „Денот на вљубените“.

Славењето на „Денот на вљубените“ стана глобален феномен, така што и ние си го одомаќинивме. Вчера социјалните мрежи „гореа“ од љубовни честитки, меѓу кои се протнуваа и оние кои го славеа виното односно Свети Трифун.

На оригинален, уникатен начин вчерашниот празник го прославија и Игор Џамбазов и Илина Арсова.

Македонскиот актер шоумен Игор Џамбазов и алпинистката Илина Арсова, кои се во врска речиси две години, се еден од омилените парови на македонската сцена.

Со своите објави и фотографии постојано шират позитивна енергија, а обожавателите ја чекаат секоја нивна нова објава. Па така беше и на 14 февруари. Илина и Игор на својствен начин го прославија денот.


„За љубов се потребни… јајца“, наместо фотографија,  Џамбазов објави интересна реченица, а во описот на фотографијата додаде „Среќен Св. Трифун…“.

Ден претходно, на нивните профили на Инстаграм осамна прекрасна фотографија, насловена „Заспаната убавица и ѕверот…“, а снимена од сестрата на Игор, Тања Џамбазова.

Очигледно е дека Игор и Илина ја слават љубовта секој ден, а вчера го прославиле и Свети Трифун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот