ФОТО: За „Гранде Пандев“ црвената боја поубаво стои на македонскиот дрес!

Фото: facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Денеска Фудбалската федерација на Македонија ги објави дресовите со кои ќе настапи нашата А репрезентација на Европското првенство.

Со истиот веќе се запознаа репрезентавците, како и капитенот Горан Пандев кој меѓу последните им се приклучува на тренинзите пред настапот на континенталниот собир.

Лавина коментари околу новиот репрезентативен дрес, може да се забележат повеќе негативни коментари и дека бордо боја едноставно не е правата која треба да биде на дресот.

Пандев, играчот на Џенова, кој придонесе многу за репрезентативниот дрес во својата кариера го искажа исто така својот став.

Фото: instagram/goranpandev19

Тој сподели слика, односно дрес (од плеј-оф дуелот против Грузија) во која стои црвената боја со која воглавно настапувавме и во минатото.

Според ФФМ ова е СВЕТИОТ дрес со симболот од нашето НАЦИОНАЛНОТО БОГАТСТВО – Балкански РИС. Со карактеристики: личен, брз, координиран, силен. „lynx“ значи – светлина, блесок.

Воедно и еко порака за поврзаност со природата и заштита на животната средина – дресот е изработен од рециклиран материјал.

ВИДЕО: Реакцијата на македонските фудбалери за новиот репрезентативен дрес!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот