ВИДЕО: Реакцијата на македонските фудбалери за новиот репрезентативен дрес!

Фото: Принтскрин/ФФМ/facebook.com/footballfederationofmacedonia

Во продолжение погледнете ја реакцијата кај дел од фудбалерите за новиот репрезентативен дрес со кој ќе настапуваат на Европското првенство.

Најпрвин ФФМ се пошегува најпрвин со играчите Езџан Алиоски и Стефан Ристовски кои не можеа да поверуваат..ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Името Џани напишано на дресот, фудбалерот на Лидс се насмеа веднаш со реакција дека ова е срам, но веднаш потоа го доби вистинскиот.

Ристовски се најде во иста ситуација, играчот на Динамо Загреб веднаш имаше коментар: „Се за*бавате, така?“

Но, потоа и тој го доби вистинскиот дрес, со надежи дека и во иднина гордо и во право светло ќе ги брани боите на Македонија.

ФФМ го промовираше новиот дрес, односно СВЕТИОТ ДРЕС со симболот од нашето НАЦИОНАЛНОТО БОГАТСТВО – Балкански РИС.

Национален симбол со особини со кои може да се идентификуваат фудбалерите и навивачите, без оглед на полот, годините или националната припадност.

ФОТО: Пендаровски му подари дрес од македонската репрезентација на папата Франциск

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот