ФОТО | Во здраво тело, весел дух: Ал Пачино „заигра“ додека џогираше

Ал Пачино
BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Реченицата „Во здраво тело, здрав дух“ е навистина точна кога станува збор за еден од најпознатите и култни актери на Холивуд.

Имено, Ал Пачино беше „уловен“ од папараците вчера во Беверли Хилс, како џогира на стаза за трчање,  слуша музика на слушалки на својот мобилен телефон и ужива под сонцето.

Ал Пачино

Актерот кој влезе во осмата деценија од својот живот, се грижи за своето здравје и добробит и не пропушта да вежба и џогира, како што беше случај и овој пат.
Фотографиран во широки црни тренерки и кул очила, актерот изгледа навистина опуштено и „вајба“ на звуците од неговиот телефон.

Al Pacino, Credit line: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Ал Пачино одигра незаборавно танго во „Мирисот на жената“, филм кој беше популарен во деведесетите и за кој актерот доби и „Оскар“ за најдобар актер во главна улога.

Очигледно е дека чекорите се паметат, а танцот под калифониското сонце му годи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот