ФОТО | Во Виена се отвори кафуле за дигитален детокс — без телефони и интернет
Во време кога секојдневието е преплавено со нотификации, социјални мрежи и постојана онлајн комуникација, во Виена се отвори необично кафуле кое нуди сосема поинакво искуство – целосно исклучување од дигиталниот свет.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Станува збор за поп-ап концептот „Offline Oida“, простор во кој посетителите при влез ги оставаат своите мобилни телефони и се посветуваат на она што денес станува сѐ поретко, а тоа е вистинската комуникација и присуството во моментот.

Кафулето функционира без интернет, без екрани и без можност за работа на лаптоп, а наместо тоа нуди разговори, читање, друштвени игри и моменти на тишина. Организаторите велат дека целта е да се создаде средина што ќе помогне во намалување на менталниот замор и ќе ја поттикне социјалната поврзаност.
„Офлајн е новиот луксуз“, порачуваат иницијаторите, објаснувајќи дека концептот е одговор на дигиталната преоптовареност која сѐ повеќе влијае врз луѓето.

Понудата во кафулето е намерно сведена – кафе, чај и домашни десерти, со цел да се избегне дополнителен стрес од избор. Просторот е уреден со агол за читање и зона за игри, а на посетителите им се нудат и кратки водени паузи за дишење.
Идејата зад „Offline Oida“ е едноставна: да се создаде место каде луѓето ќе можат да забават, да се одморат од екраните и да се поврзат – со себе и со другите.



