ФОТО | Во „Династија“ беше богата, сакана, а во приватниот живот Линда Еванс поради депресија и дрога го допре дното: Погледнете како денес изгледа кралицата на тв новелите

Фото: Профимедиа

Веројатно не постои личност која не се сеќава на добрата, преубавата и нежната Кристл Карингтон која во мегапопуларната серија за богатото семејство ја толкуваше Линда Еванс. На оваа дама со ледено-сини очи и со платинеста-блонди коса оваа серија ѝ донесе неверојатна слава, но и пет номинации и еден освоен Златен глобус, а со тоа го доби и епитетот – една од најголемите икони на поп-културата во осумдесеттите години. Но, во приватниот живот таа преживеа бројни турбуленции.

Фото: Профимедиа

„Династија“ веднаш на почетокот на емитувањето во 1982 година стана мамка за повеќе од 150 милиони гледачи кои ја следеа ширум светот. Оваа тв серија им ја отвори вратата на денешните тв новели и многумина сметат дека само малку од нив успеваат да бидат толку успешни како оваа тв серија.

Фото: Профимедиа

Станува збор за серија која беше прва на малите екрани, серија која прва го воведе поимот луксуз, каде се зборуваше и за хомосексуалноста и за пластичните операции, а внимание привлекуваше поради интригантната приказна, раскошниот ентериер и атрактивните улоги. Меѓу главните улоги беше и Линда Еванс.

Фото: Профимедиа

Кога поради неа стана вистинска ѕвезда на тв екраните, благодарение на улогата на Кристл Карингтон, на актерката сите ѝ предвидуваа невидена слава. Но, животот ѝ напиша поинаков роман. По култната серија Линда Еванс практичо се повлече од глумата, снимајќи само неколку незабележителни улоги и ретко појавувајќи се во јавноста.

Фото: Профимедиа

Се пишуваше многу дека убаво остарела и дека сѐ уште плени со вниманието, но во 2017 година во јавноста се појави снимка од нејзиното апсење. Тогаш се покажа ликот на една сосема поинаква Линда која речиси никој не би ја препознал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evans (@lindaevansofficial)

Полицијата тогаш кај неа во автомобилот пронашла поголема количина таблети за кои немала рецепт, а актерката се правдала дека ги земала поради болките во грбот. Но нејзино апсење се случи и во 2014 година, а тогаш таа доби условна казна. Во потресната животна исповед таа призна дека со години страда од депресија и дека честопати размислува за самоубиство. За сѐ детално и отворено Линда проговори и во книгата „Recipes for Life“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evans (@lindaevansofficial)

Зад ѕвездата од омилената серија од 80-те се и два разводи, а оној од Џон Дерек кој ја остави поради 30-години помлада девојка целосно ја уништи. „Бев лута и тажна, но денес ми е драго поради сѐ бидејќи токму Џон ме убедуваше да се откажам од кариерата. Да останев со него не би ја прифатила улогата во Династија“, призна Линда. Од 1989 до 1998 година таа беше во врска со музичарот Јани. Тогаш започнаа и нејзините посети кај естетските хирурзи. Но кога ниту новиот изглед не ја направи исклучително среќна, таа посегнала по дрогата.

Фото: Профимедиа

Денес Линда Еванс има 78 години и сè уште снима филмови и серии. Во 2009 година победи и во четвртата сезона од британското реално шоу „Hell’s Kitchen“. Вториот сопруг Стен Херман ѝ почина од леукемија во 2002 година, а денес таа има партнер кој е анонимен. За нив постојат гласини дека дури тајно се венчале.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот