Ерик Дејн - Фото: EPA/ASM CORBIS OUT

ФОТО | Влошено здравјето на заводникот од „Вовед во анатомија“: Новите фотографии го „кршат“ срцето

Ерик ја објави дијагнозата во април, а болеста брзо напредува.

Актерот Ерик Дејн се бори со амиотрофична латерална склероза (ALS), а симптомите во последно време забележително му се влошиле, што може да се забележи и од неговото последно јавно појавување во јавноста. Актерот од серијата „Вовед во анатомија“ беше фотографиран во инвалидска количка на аеродромот Торонто Пирсон во четвртокот, тој изгледаше многу ослабено, пренесува „Дејли Мејл“.

Ерик излегол од својот комби возило со помош на асистентка, која го придружувала низ аеродромот.

Неколку недели пред ова, Ерик се појави и на аеродромот во Вашингтон, каде кратко изјави пред фотографите:

„Задржете ја верата“, на прашањето што би им порачал на загрижените обожаватели.

Ерик Дејн – Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Од слабост во раката до тешкотии со говорот – симптомите напредуваат брзо

Првите симптоми се појавиле на почетокот на минатата година, кога почувствувал слабост во десната рака, мислејќи дека е од премногу пишување пораки или од замор. Но, по неколку месеци прегледи, во април му била поставена официјална дијагноза. Само два месеци подоцна, ја изгубил функцијата на десната рака, а наскоро почнал да има и проблеми со говорот. Постои можност наскоро да ја изгуби функцијата и на левата рака, како и на нозете.

Извори блиски до актерот откриваат дека Ерик интензивно размислува за својата смрт.

„Никој не сака да размислува за својата смрт или да се соочи со неа, но токму тоа сега го доживува Ерик. Тој е свесен за својата судбина и се обидува да сфати како да го искористи времето што му останува да биде светлина на надежта за другите кои се борат и самиот да живее квалитетен живот“, велат изворите.

Храбар и покрај дијагнозата: Се врати на снимање веднаш по веста

Иако симптомите брзо напредуваат, а очекуваниот животен век за ALS пациентите е од 3 до 5 години, Ерик останува храбар.

„Многу луѓе ги земаат работите здраво за готово и не преземаат ништо од страв. Тоа не е случај со Ерик.“

Неколку дена по поставувањето на дијагнозата, се вратил на сетот за снимање на третата сезона на серијата „Еуфорија“.

„Подготвен сум и сакам да работам сè што можам, но свесен сум дека болеста ќе ми ги ограничи улогите. Работам на ’„Еуфорија“. Го завршив „Одбројување“. Што се однесува до тоа, сè уште сум способен“, изјавил во јуни.

Поддршка од сопругата: Го стопирала разводот и останала до него

Во најтешките моменти, најголема поддршка му била сопругата Ребека Гејхарт. Тие се запознале во 2003 година и се венчале по само десет месеци. Во 2009 година, нивниот брак се најде во центарот на скандал поради објавување на приватна снимка со манекенката Кари Ан.

И покрај контроверзиите, во 2010 добија ќерка по име Били, а во 2011 и втора ќерка, Џорџија. Во 2018 година, Ребека поднесе барање за развод, велејќи дека тоа е „најдобра одлука“ за нивната семејна динамика, и дека ќе продолжат заеднички да се грижат за децата.

Љубовта повторно победува: Заеднички против болеста

По поставувањето на дијагнозата, Ребека го стопирала процесот на развод и останала покрај него.

„Ние сме најдобри пријатели. Многу сме блиски. Одлично функционираме како заеднички родители. Верувам дека нашите деца многу добиваат од тоа, а и ние исто така. Не треба да се гледа на крајот на една врска како на неуспех … Тоа беше голем успех. Имаме две прекрасни деца и тоа е доволно“, изјавила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот