ФОТО | Влезе во розевиот свет: Маргот Роби во улога на најпознатата кукла во светот

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Глетката на Роби додека седи во Барби автомобилот е прилично интригантна. Во најмала рака, фотографијата потврдува дека Роби нема да глуми со маска на себе си, туку ќе биде природна. Снимањето би требало да започне на почетокот на следната година.

Продукциската куќа „Warner Bros. Pictures“ конечно ни даде прилика да ѕирнеме во претстојниот филм Barbie на режисерката Грета Гервиг. Насмеаната блондинка во син топ со линии и трака во косата, седи зад воланот од розевиот Барби кабриолет. Актерката Маргот Роби (31) ни покажа како изгледа човечката „најпозната пластика“ во светот.


Обожавателите на социјалните мрежи се изјаснија дека им се допаѓа изборот на актерката за улогата на Барби и ѝ посакаа среќа во „розевиот свет“.

За улогата на Кен е избран актерот Рајан Гослинг. Тој најпрвин ја одби улогата поради презафатениот распоред, но подоцна се согласи да го глуми, покрај се останато, и познатиот Кен. Снимањето би требало да започне идната година, но деталите за филмот се уште не се познати.


Режисерката на филмот се прослави со филмовите номинирани за Оскар, Little Women и Lady Bird, а на филмот најверојатно ќе работи заедно со сопругот Ноа Баумбах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот