ФОТО | Вистинско богатство: Борко Ристовски со најважниот тим во животот
Поранешниот голман на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски уште еднаш покажа дека семејството е неговото најголемо богатство. Тој на својата инстаграм-приказна сподели слатка семејна фотографија заедно со сопругата Нина Ристовска и нивните две деца – синот Душан и ќерката Анастасија.
Препорачано

На фотографијата, четворицата насмеани и прегрнати, зрачат со блискост и топлина, а Ристовски кратко и емотивно ја опиша сцената со зборовите „Unperfectly perfect four“ (Несовршено совршени четворица), испраќајќи јасна порака за љубовта и заедништвото во нивниот дом.
Познат по тоа што отворено и искрено зборува за родителството, Борко Ристовски во една пригода ја истакна важноста на активната улога на таткото во одгледувањето на децата.
„Маж кој никогаш не сменил пелена, не направил млеко за своето чедо, едноставно не се грижел за своите деца, од мене тој маж не добива почит. Едноставно, самата љубов кон децата ве тера да сакате да ги правите тие работи. Е сега, колку добро ги менувате пелените е сосема друго прашање“, има изјавено еднаш Ристовски за татковството.
Со оваа семејна објава, поранешниот репрезентативец уште еднаш потсети дека вистинската сила и успех започнуваат токму од домот.


