Ван Гог - Фото: Промо

ФОТО+ВИДЕО | „Ван Гог“ објави нов спот на Денот на планетата Земја — слушнете ја „За планетата С.О.С.“

Култниот рок-состав „Ван Гог“ денеска, на 22 април, Светскиот ден на планетата Земја, ја претстави својата нова песна и видеоспот под наслов „Za planetu S.O.S.“ ( За планетата С.О.С.). Станува збор за третиот сингл од нивниот претстоен, единаесетти по ред студиски албум.

Ван Гог – Фото: Промо

– Песната е осмислена како своевиден музички триптих. Првата верзија на песната се појави во 2024 година, на изданието на детскиот хор „Колибри“. Пред вас е втората по ред верзија на песната на групата „Ван Гог“ од 2026 година, со гостување на детски хор. Третата верзија, со која ќе го заокружиме овој музички триптих, е во подготовка – велат членовите на бендот.

Песната е веќе достапна на сите дигитални платформи, а официјалното видео можете да го погледнете директно на нивниот јутјуб-канал преку линкот подолу:

 

ВИДЕО | Енергија што движи и не застанува: „Ван Гог“ го претстави новиот спот за песната „До последен здив“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот