ФОТО+ВИДЕО: Славниот јутјубер шокираше позирајќи гол со труднички стомак

Мегапопуларниот јутубер Џејмс Чарлс збуни милиони свои следбеници со фотографија на која позира гол со труднички стомак.

Фотографијата им се допадна на повеќе од три милиони луѓе на Инстаграм, а судејќи според коментарите, ги збуни повеќето негови следбеници.

„Изненадување. Новото видео е објавено“, напиша тој во описот на фотографијата, најавувајќи го натој начин своето ново дело на Јутјуб.

Сепак, не станува збор за неговата бременост, туку за видео во кое тој 24 часа се преправа дека е бремен. Неговата најдобра пријателка е бремена, па јутуберот реши да ги доживее работите што ги доживува една жена во висок степен на бременост. Во видеото тој носел лажен труднички стомак кој му бил многу тежок и се обидел да се облече со него. Не се снашол добро.

На крајот, со помош на апарат кој симулира контракции и породување, тој одлучи да ја искусиболката низ која поминуваат жените за време на породувањето. Видеото е прегледано повеќе од три милиони пати за помалку од 24 часа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Charles (@jamescharles)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот