ФОТО+ВИДЕО | Руска државна телевизија објави голи фотографии на Меланија Трамп
На руската државна телевизија беа емитувани разголени фотографии од Меланија Трамп како дел од „честитањето“ по повод реизборот на нејзиниот сопруг Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави, пишува „Сан“.
WATCH. Russian state channel shows nude photos of Melania Trump: presenter visibly struggles not to burst out laughing.https://t.co/p2yKQJjSea
— 💙Charlie’s Angel (@realskoebiedoe) November 8, 2024
Водителките на програмата, сопружниците Евгениј Попов и Олга Скабеева, зборуваа за враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, додека на екранот беа прикажани фотографии од манекенските денови на Меланија Трамп, вклучувајќи ги и оние од познатата насловна страница на магазинот „GQ“ во 2000 година.
Скабеева со насмевка не го криеше задоволството.
– Сега кога конечно победи сопругот на Меланија Трамп, таа се подготвува да се врати во Белата куќа за втор мандат. Вака изгледала Меланија во 2000 година. Ова е насловната страница на магазинот „GQ“. Идната прва дама лежи на крзно, во неглиже. Внатре има секси фотографии од Меланија покрај и во приватниот авион. На една од фотографиите манекенката е во долна облека, лежи на син тепих со американски печат, како уредниците на магазинот веќе да знаеле што ќе се случи со нивната манекенка – изјави Попов.
Сегментот заврши со музика и серија фотографии на Меланија со забелешка „Што навистина значи ‘моето тело, мојот избор’“?
Видеото го објави порталот „HLN.be“.
Оваа реплика алудира на видеото што Меланија го објави на мрежата Икс непосредно пред објавувањето на нејзината автобиографија, каде што исто така промовираше самодоверба и уметничко изразување, бранејќи ги своите разголени фотографии од младоста.
Фотографиите од нејзиниот манекенски период претходно предизвикаа бурни реакции, особено за време на првата претседателска кампања на Трамп во 2016 година, кога магазинот „GQ“ повторно објави едиторијал со младата и гола Меланија. Уредникот на „GQ“ во тоа време, Дилан Џонс, откри дека добивале бројни барања да ја фотографираат Меланија.
Тој, исто така, истакна дека Доналд Трамп побарал да се испратат фотографии во неговата канцеларија: „ Ја врамивме насловната страница и неколку избрани фотографии и ги испративме штом можевме“.
Меланија Трамп ја започна својата манекенска кариера како тинејџерка, откако беше откриена од словенечки фотограф на 16 години, а набргу потоа потпиша договор со италијанска агенција. Во текот на деведесеттите години на минатиот век, таа работела во Париз, Милано и Њујорк, каде подоцна го запознала Доналд Трамп, со кого се омажила во 2005 година.