ФОТО+ВИДЕО | Најтесната зграда на светот: Ја изградил за да му го блокира погледот кон морето на брат му

Фото: Твитер/ @Emilydische

„Ал Ба’са“ што во превод значи „инает“ е името на најтесната зграда во светот, изградена во Бејрут. Широка е само 60 сантиметри во најтесниот дел, а околу четири метри во најширокиот.

Зградата се наоѓа во близина на стариот светилник во Манара, а „Инает“ е изградена во 1954 година.

Имено, двајца браќа се скарале за земјата што во наследство им ја оставил нивниот татко. Едниот брат добил минијатурно парче земја со чудни димензии на кое не можело искрено да се изгради ништо, а другиот атрактивен дел со поглед на Медитеранот.

За инает, првиот брат изградил тенка зграда висока 14 метри, која го блокира погледот на Средоземното Море, а со тоа ја намалил вредноста на земјата на вториот брат.

Иако изгледа како ѕид со тераса, се наведува дека „Ал Ба’са“ има по два стана на секој кат. Во еден од становите бил сместен бордел со години, додека во другиот биле сместени бегалци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот