ФОТО + ВИДЕО | Марк Ентони доби ѕвезда на патеката на славните во Холивуд: Дејвид Бекам го изненади со своето присуство
Пејачот и поранешен сопруг на Џенифер Лопез, Марк Ентони, доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. За време на откривањето на ѕвездата, Марк беше придружуван од сопругата Надија Фереира, со која пејачот доби дете во јуни.
Препорачано
На церемонијата присутни беа и неговите синови Рајан Адријан Муњиз и Кристијан Маркус Муњиз, кои ги има со Дајанар Торес.
Покрај сопругата која го поддржа на овој важен настан, неговиот добар пријател Дејвид Бекам беше таму за него. Интересно било тоа што Марк до последен момент не знаел дека Дејвид ќе дојде на настанот. Тој му приредил вистинско изненадување на музичарот.

– Тој го криеше тоа од мене. Ми испрати порака пред 15 минути велејќи: „Еј, честитки. Извини, но не можам да дојдам“ – изјавил Ентони за „Ентертејмент тунајт“ (Entertainment Tonight).
Бекам дури подготвил и говор: „Ми беше навистина тешко да го задржам ова од Марк, но тоа беше тајна. Мислам дека тој беше многу среќен и изненаден, помина добро“.
Инаку, Марк Ентони е порториканско-американски пејач, музичар и актер. Според Гинисовата книга на рекорди, тој е најпродаваниот салса изведувач на сите времиња.




