ФОТО + ВИДЕО | „Крокс“ со потпетици: Важат за најгрдите влечки на светот, а сега се надминаа

Фото: Kevin Galvin / Alamy / Alamy / Profimedia

Шарените, удобни влечки што ги кршат речиси сите правила во модата и предизвикуваат поделби и различни реакции кај клиентите и критичарите, сега отидоа чекор понапред.

Како и секоја година, новитетите на модните брендови ги воодушевуваат нивните верни фанови, но не секогаш им оди од рака.

Летово, познатиот бренд „Крокс“ покрај многу новитети, ја објави и својата нова линија на влечки. Овој пат не се вообичаените, класични папучи на кои сме навикнати, туку нудат нешто малку поинакво. Влечките со потпетици во новата колекција предизвикаа лавина коментари, позитивни и негативни.

Фото: Инстаграм/ Crocs Shoes

Компанијата „Крокс“ беше шега за сите, а критичарите и коментаторите нивните познати влечки ги опишуваа со зборовите „најгрдите чевли некогаш измислени“ .

„Крокс“ дури беа избрани за еден од 50-те најлоши пронајдоци на „Тиме“ (TIME) во 2010 година. Сепак, тоа беше единствениот голем бренд за обувки во пандемијата што уживаше пораст на продажбата, главно благодарение на популарните „Крокс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот