Кијану Ривс и Александра Грант / Фото: MediaPunch / imago stock&people / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Кијану Ривс и Александра Грант сочно се бакнаа на лизгалки во „Рокфелер центар“

Кијану Ривс и неговата партнерка Александра Грант споделија фотографии и видео на лизгалки пред познатата божиќна елка во њујоршкиот „Рокфелер центар“ преку инстаграм-профилот на Грант. Во еден момент тие застанале и сочно се бакнале.

– Минатиот понеделник, по серијата изведби на претставата „Чекајќи го Годо“, Кијану ме покани на состанок во Њујорк – напишала уметницата Грант во описот на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pubity (@pubity)


Ривс го имаше своето деби на Бродвеј минатата есен, изведувајќи заедно со Алекс Винтер, во обновената продукција на драмата на Семјуел Бекет.

Грант, исто така, упати поздрав до „лизгачката заедница“ и лизгалиштето во „Рокфелер центарот“, каде што таа и Кијану очигледно уживале. Во видеото, Грант и Ривс се гледаат како се држат за рака и несигурно лизгаат, додека камерата кружи околу симпатичниот пар, објави „Пипл“.

– Направивте да се чувствуваме како дома, навивавте за нас и ни понудивте топло какао и капи. Благодарност и до луѓето зад сцената кои ја направија оваа посебна вечер возможна – продолжила таа во описот.

Филмската ѕвезда и Грант се знаат уште од 2011 година, а својата врска јавно ја потврдија во 2019. Во 2017 година заедно ја основаа издавачката куќа „Икс артистс букс“ (X Artists Books).

Иако внимателно избираат каде го поминуваат времето, како што изјави извор за „Пипл“ во 2024 година, тие се појавиле заедно на повеќе настани.

Исто така, неодамна на инстаграм-профилот на Грант беше објавена и нивната новогодишна прослава заедно со Сандра Бернхард.

– Наздравје за 2026 и уште многу слатки моменти заедно! – напишала таа.

Следниот филм на Ривс е „Ауткам“ на Џона Хил, во кој глумат и Хил и Камерон Дијаз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот