ФОТО + ВИДЕО | Дамијано Давид се бакнува со нова девојка: Потврдени гласините дека е во врска со позната пејачка и актерка

Фото: Adela Loconte / Shutterstock Editorial / Profimedia

Дамијано Давид, пејачот на италијанската група „Манескин“, по раскинувањето со долгогодишната избраничка Џорџа Солери, сега има нова девојка, и тоа не било која!

Тој е во врска со американската пејачка и актерка Дав Кемрон, а гласините ги потврдија новите папарацо фотографии. Тие биле фатени како се шетаат и се бакнуваат на плажа во Сиднеј, а откако фотографиите беа објавени во италијанскиот магазин „Чи“, брзо се проширија на социјалните мрежи, пишува „Дејли меил“.

Гласините за нивната врска започнаа кога Дав настапуваше со Дамијано и „Манескин“ во Бразил, а обожавателите тврдеа дека ги виделе како се бакнуваат на забава во Лос Анџелес.

Инаку, се дозна дека Дамијано раскинал со Џорџа кога се појави видео на кое се гледа како тој се бакнува со девојка непозната за јавноста. Потоа се извини дека на тој начин се дознало дека тој и Џорџа раскинале и дека требало да го направи тоа подобро.

Инаку, Дав стана позната по серијата „Лив и Меди“ во која играше двојна улога, а покрај музиката продолжи да глуми, па играше и во франшизата „Наследници“. Во една прилика изјавила дека е бисексуалка, и дека се борела со депресија и дисфорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот