ФОТО+ВИДЕО | Бизарните божиќни подароци на познатите: Пони, кенгури, водопади…

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Со милиони долари на располагање, не е ни чудо што познатите личности се дарежливи и инвентивни кога станува збор за божиќните подароци.

Купувањето подароци за Божиќ не е секогаш така лесно. Многу луѓе сакаат на своите сакани да им подарат нешто оригинално, но финансиската ситуација често им пречи во реализирање на овие идеи. Но, кога се во прашање познатите личности, парите не се проблем. Меѓутоа, што да му дадете на некој кој има милиони долари на својата банкарска сметка?

Анџелина Џоли пред неколку години купила водопади во Калифорнија за нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит. Знаејќи дека Бред ја сака архитектурата, Анџелина точно предвидела дека ќе сака да изгради куќа на водопадите. Таа дошла на идеја откако двајцата ја посетиле куќата кај водопадот на реката Беар Ран наречена Фалингвотер од архитектот Френк Лојд Рајт .

Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Во 2017 година, кантри пејачот Лук Брајан ѝ подари на својата сопруга прилично уникатен подарок – два кенгури. Многумина го критикуваа по неговата објава на Инстаграм, велејќи дека дивите животни не се божиќни подароци, но тој никогаш не одговори на коментарите.

Во 2018 година, актерот Двејн Џонсон сподели трогателно видео од моментот кога ја изненадил својата мајка со писмо во кое напишал дека ќе ѝ купи куќа каде што ќе посака. Актерот потоа купил неколку куќи за својата мајка со текот на годините.

Пејачката Лејди Гага доби многу уникатен божиќен подарок од нејзината издавачка куќа – коњче пони.

– Денеска, бел ангел од небото пристигна пред мојот праг. Засекогаш ќе го јавам, ќе го сакам и ќе се грижам за него – напиша пејачката на својот Инстаграм.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ ladygaga

Во 2005 година, Дејвид Бекам ѝ купи на својата сопруга Викторија Бекам дизајнерска чанта обложена со дијаманти во вредност од 100.000 долари и нов Ролс-Ројс во вредност од 500.000 долари за Божиќ. Покрај тоа, тој ѝ подарил дијамантски ѓердан со рубин во вредност од повеќе од два милиони долари.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ victoriabeckham

На Божиќ 2019 година, ар-ен-би пејачот Крис Браун ѝ подари на својата ќерка Ројали, која во тоа време имаше пет години, куп пари скриени во сребрена чанта.

Канје Вест се потрудил да ја изненади својата тогашна сопруга Ким Кардашијан кога ѝ подарил дури 150 подароци за Божиќ 2015 година.

Фото: EPA/JASON SZENES

Пејачот Џон Леџенд на својата сопруга и модел Криси Тајген ѝ подари огромна пита кашкавал од која таа била воодушевена, како што сподели со своите следбеници во пресрет на Божиќ 2015 година.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ chrissyteigen

Актерот Зак Ефрон доби тестенини во форма на пенис од својата мајка на Божиќ 2015 година.

– Знаеш дека мајка ти е закон кога ти го дава овој подарок – напиша тој со фотографија од подарокот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ zacefron

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот