ФОТО | Вечно млада: Маја Гроздановска Панчева плени со својата убавина

Маја Гроздановска Панчева/Фејсбук
Маја Гроздановска Панчева/Фејсбук

На македонската поп естрада има одредени пејачки кои значат вредност за времињата во кои македонската поп музика доживуваше експанзија, се слушаше на радио станиците и уживаше голема популарност.  Кој не ја памети „Мачка со девет животи“, супер хит од македонската поп естрада, веднаш да се потсети на песната:

Пејачката која исполни многу хитови, меѓу кој беше и токму „Мачка со девет животи“, „Сонам“, Маја Гроздановска Панчева е една од нашите домашни јавни личности која ретко се експонира. Таа одамна не е активна на музички план, но сепак остана доследна на љубовта кон музиката воопшто.

На својот инстаграм профил ретко споделува фотографии од себеси, но пред извесно време сподели фотографија од „селфи“ каде изгледа како времето да застанало.

Пејачката исто така има споделено фотографија од себе и своите ќерки Марија и Надица и трите изгледаат како да се сестри, а не мајка и ќерки.

Пејачката во мигов е вработена во ансамблот на Македонската опера и балет, а веќе долги години е во брак со поранешниот фудбалер и „златната копачка“ на македонскиот фудбал, Дарко Панчев.

Иако не сме ја слушнале долго време како пее, Маја во една пригода за својот избор да се посвети на децата наместо на музичката кариера изјави:

„Музиката е безвремена љубов и никогаш не е доцна за песни“.

Целосно сложна со тебе Маја!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот