Герила Акција на здружение Кој е следен - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Герила Акција на здружение Кој е следен - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ГАЛЕРИЈА | „Ве гледаме“: Нова герила-акција на „Кој е следен?“ пред почетокот на новото рочиште за Кочани

„Кој е следен?“ утрово со нова герила акција пред второто рочиште за случајот со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс”.

Пред влезот на Кривичниот суд во Скопје, на дрвјата беа поставени десетици „очи” како порака дека јавноста внимателно го следи процесот и дека сите очи се вперени кон институциите кои треба да обезбедат правично, независно и транспарентно судење.

Герила Акција на здружение Кој е следен - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Герила Акција на здружение Кој е следен – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Со акцијата се испраќа јасен сигнал дека семејствата на загинатите, преживеаните и целата јавност очекуваат одговорност и јасни судски постапки, без одолговлекувања и без политички влијанија.

Герила Акција на здружение Кој е следен - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Герила Акција на здружение Кој е следен – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Движењето „Кој е Следен?” најави дека ќе продолжи активно да го следи процесот и да реагира секогаш кога постои опасност правдата да биде
нарушена.

„Нашата порака е јасна: не смееме да дозволиме трагедијата во „Пулс” да се претвори во уште една неказнета болка. Поврзан со трагедијата во дискотеката „Пулс”, иницијативата Кој е Следен? изведе симболична герила пред Кривичниот суд. Пред влезот беа поставени десетици „очи” како порака дека јавноста внимателно го следи процесот и дека сите очи се вперени кон институциите кои треба да обезбедат правично, независно и транспарентно судење” порачаа од движењето.

Тие исто така изведоа герила-акција пред судницата во затворот „Идризово“, непосредно пред почетокот на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот