ФОТО: Васил Гарванлиев се појави со круна од огледала на свеченото отворање на 65-тото издание на Евровизија

Instagram
Instagram

Нашиот евровизиски претставник, Васил Гарванлиев на свеченото отворање на 65. издание на Избор на песна за Евровизија се појави во елегантна, но и ексцентрична модна комбинација.

На церемонијата која вчеравечер го означи официјалното отворање на фестивалот, Васил на тиркизниот тепих, заедно со неговиот тим, се појави облечен во црн елек, долг до земја, црни панталони и блуза, а на главата носеше круна која беше направена од повеќе парчиња огледало.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)


Васил на својот инстаграм – профил сподели и многу фотографии од церемонијата:

„Официјално започна. Колку убаво патување досега и конечно ќе имам прилика да запознаам некои од артистите“, стои во објавата на Гарванлиев.

Македонската делегација која го придружуваше Васил беше, исто така, внимателно стилизирана, а на нивната облека беа прикачени мали парчиња огледало, како на облеката, така и на заштитните маски, како препознатлив моден детаљ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)


Според официјалниот сајт на настанот, за својата комбинација Васил изјавил:

„Огледалото секогаш ја открива вистината, без разлика дали е добра или лоша“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот